Резерва на Филаделфија блесна со „трипл-дабл“ во НБА

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Резервата на Филаделфија, Ти Џеј Меконел забележа историски натпревар против Њујорк, откако постигна „трипл-дабл“ за победата со 108:92.

Бекот заврши со 10 поени, 10 скокови и 11 асистенции и станаа 25-тиот играч во историјата на НБА, кој направил нешто слично, доаѓајќи од клупата .

„Тоа беше неверојатен момент. Момчињата не запираа да ме охрабруваат и тоа покажува каков колектив сме“, изјави задоволен Меконел, кој потпиша со тимот во 2015-та без да биде избиран на драфт.

Победата беше четврта последователна за „Сиксерси“, кои се со рамнотежа 29-25 и продолжуваат да се во добра позиција за плејофот. Тимот веќе го надмина постигнувањето на победи за целата мината сезона, а освен тоа има најмногу освоени средби пред натпреварот на Ѕвездите од сезоната 2000-2001, кога играа финале.

Дарио Шариќ ги предводеше победниците со 24 поени, Џеј Џеј Редик додаде 18, а Џоел Ембид постигна уште 17 за успехот.

Поразот беше 7-ми за „Никс“, кои без Кристапс Порзингис се соочуваат со сериозни тешкотии и повторно нема да бидат дел од плејофот.

Останатите резултати:

Детроит – Њу Орлеанс 103: 118
Бруклин – ЛА Клиперс 101: 114
Чикаго – Орландо 105: 101
Јута – Сан Антонио 101: 99
Голден Стејт – Феникс 129: 83.

Слични содржини