Режисерот Џејмс Камерон го разви дизајнот на соларните батерии

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Работејќи над продолжението на познатиот филм “Аватар” / Avatar 2009 / американскиот режисер Џејмс Камерон нашол време за да се развие дизајн на соларни  батерии, објави “Холивуд репортер”.430x330 (1)

Во проектот на Камерон тие се со форма на боите на сончогледот. На територијата на приватната  школа MUSE, лежејќи во предградие на Малибу, Калифорнија, режисерот и неговата сопруга Сузи Ејмис откриле “кревет” со пет од  своите високотехнолошки сончогледи. Генерираната електрична енергија од нив, а тоа е околу 300 киловат-часови на ден, е доволна за да задоволи 90 проценти од потребите на кампусот.

Приватната школа е отворена од Сузи Ејмис Камерон и нејзината сестра во 2006 годин. Во неа се учат децата да ја штитат животната средина и да се грижат за неа.