Режисерот Стоун во одбрана на Путин: „На дело е хистеријата на западните медиуми“

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

За разлика од повеќето негови колеги од Холивуд, кои се кренаа против руската инвазија на Украина и Путин, американскиот режисер Оливер Стоун има поинаков став. Не само што се противи на окарактеризирањето на Путин како „крвав убиец“, туку и на хистеријата на западните медиуми за крвавите настани во Украина.

– Меѓу нивната хистерија на западните медиуми кои врескаат за „крвавиот убиец  Путин“ и испуштаат клучни факти, најважно е да се разбере целиот спектар на она што се случува и пред се да се размислува трезвено, напиша американскиот режисер на Инстаграм. Тој, исто така, им понуди на своите следбеници на оваа социјална мрежа неколку линкови за да им помогне да видат уште трезвени анализи…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Stone (@officialoliverstone)

Откако започна руската инвазија на Украина, една од најгледаните работи во виртуелниот свет е документарниот филм „Разговори со Путин“, потпишан од познатиот американски филмаџија Оливер Стоун. Телевизискиот документарец во два дела за рускиот претседател Владимир Путин е заснован на серија разговори кои трикратниот оскаровец ги водел со рускиот претседател. Кога беше премиерно прикажан во 2017 година, беше рекламиран како „најинтимното интервју што Путин некогаш го дал на западен автор“.

Во документарецот, кој привлече големо внимание, а некои критичари го дочекаа „на нож“, а други го фалат, Стоун се обиде да ѕирне во професионалниот, но и интимен живот на Путин. Во филмот, тој го „покри“ времето од денот кога рускиот лидер пораснал во комунистичката ера, преку неговото доаѓање на власт, до неговиот однос со САД и четворица американски претседатели.