Резников: Зеленски ме замоли да останам на функцијата министер за одбрана

од Radmila Tasevska

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, денеска изјави дека претседателот на Украина Володимир Зеленски побарал од него да остане на сегашната функција.

На прашањето на Ројтерс дали очекува да продолжи како министер за одбрана во наредните месеци, тој одговори потврдно, нагласувајќи дека тоа е одлука на неговиот претседател.

Иднината на Резник беше доведена во прашање во последните неколку недели, откако високи пратеници од партијата на Зеленски му рекоа дека ќе биде сменет.

Сепак, Резников остана на функцијата министер за одбрана.

Адвокатот кој стана министер за одбрана само неколку месеци пред Русија да го започне нападот врз Украина е под притисок поради корупцискиот скандал поврзан со неговото Министерство.

Слични содржини