Резултати од претпоследното коло во ПМФЛ: Скопје во бараж за опстанок, тимот од Струмица останува во прва лига

од desk4

Одиграни натпреварите од претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Академија Пандев освои бод доволен да го обезбеди своето место во првата лига, додека, Скопје ќе ги одмери своите сили против градскиот ривал Вардар во баражниот натпревар.

Новиот шампион Струга во рамки на комплетното 32. коло триумфираше на гостински терен над тетовска Шкендија, додека Шкупи забележа убедлива победа на домашен терен против Македонија ЃП.

Резултати:

Брегалница – Академија Пандев 1-1

Шкендија – Струга 1-2

Шкупи – Македонија ЃП 3-0

Силекс – Работнички 2-0

Тиквеш – Скопје 4-0

Табела: Струга 65, Шкупи 58, Шкендија 54, Силекс 47, Македонија ЃП 39, Брегалница 38, Тиквеш 37, Работнички 37, Академија Пандев 27, Скопје 22, Победа 13.

Слични содржини