Добро воспитаните луѓе се научени да не мешаат во џебовите на другите: “Не кради” (е една од Божјите заповеди ). Има и такви кои никогаш не ја разбираат лекцијата – некои се криминалци, многу други се во глобалната политичка класа. Токму таа гледа на мултинационалните корпорации како глобални пљачкаши. Како што британскиот “Гардијан” соопшти “ОН ги повикува владите да го намалат приливот на средства кон даночни засолништа, откако минатата година компании насочиле 221 милијарди долари во земји со ниско оданочување.”
Написот уште пишува дека “според Конференцијата за трговија и развој на ОН зголемената практика меѓу мултинационалните корпорации да ја насочуваат добивката кон земји со ниски даноци, ги лишува земјите од виталните инвестициски фондови “. Во последните години има напори од земјите со високо оданочување (многу од кои се богати) да воспостават глобален минимум за корпоративни даноци, а меѓународните даночни бирократи да воспостават како корпоративните даноци да бидат распределени меѓу различните јурисдикции. Иако напорите се камуфлирани како прашање на “фер оданочување”, тоа всушност се обиди на властите во државите и нивните политички класи да земаат за себе и пријателите повеќе од оние кои работеле.
Напорите за поголемо оданочување на компании предизвикуваат голем број прашања. Најнапред, лошо ли е корпоративните менаџери да се обидуваат по законски начин да ги намалат максимално даноците на компаниите ? Не. Всушност корпоративните менаџери ја имаат довербата на акционерите, вработените и дури клиентите да се минимизираат трошоците, вклучувајќи и даноците. Второ, треба ли корпорациите воопшто да бидат оданочувани? Треба да се има предвид дека корпорациите се само законски олеснувања и потреба за големите компании при стекнувањето и преместување на огромни капитали. Тие не се луѓе, туку само луѓето можат да плаќаат даноци. Корпоративното оданочување се плаќа од страна на клиентите , во форма на зголемување на цените, од страна на вработените во форма на пониски плати, и акционерите, во форма на пониски дивиденди и капитални добивки.
Полицијата во Брисел не го затворила метрото 20 минути пред атентатот поради лажна адреса
Ако немаше корпоративни даноци, клиентите ќе имаат повеќе пари за трошење за други работи кои најверојатно ќе бидат оданочувани со некаква вид даноци за продажба, а работниците и акционерите ќе имаат поголем приход, кој на повеќето места е исто така предмет на оданочување. За економски неписмените, вклучувајќи меѓу медиумите и многу од политичарите да ги оданочуваш корпорациите звучи како бесплатен ручек. Всушност, ако немаше корпоративни даноци, ќе има подобра распределба на капиталот и оттаму подобар раст, повеќе работни места, а на крајот и повеќе приход од даноци за владите при пониски стапки. Трето, можно ли е “фер” распределба на приходите од корпоративните даноци, под услов корпорациите да работат во различни земји? “Ајфонот” на “Епл” содржи компоненти и софтвер од повеќе од 30 земји, а самиот производ се продава во речиси 100 земји. Повеќето од смартфоните се составуваат во Кина, но и самиот “Айфон” е дизајниран и замислен во САД, каде што е поголемиот дел од интелектуалната сопственост.
Најголемата прехранбена компанија во светот “Нестле”, има 2000 различни брендови, фабрики во 86 земји, продава некои од своите производи во речиси секоја земја во светот. Нејзината централа сепак е законска и оперативноти седиште е во Швајцарија, каде и е основана пред 150 години. Постојат софтверски компании со речиси никакво физичко присуство каде и да е, кои сепак вработи софтверски инженери и програмери во многу земји и ги продаваат своите производи речиси насекаде преку интернет. Не е можно да се утврди колкав дел од добивката на горенаведените (и милиони други претприемачки потфати) може да биде предмет на посебна даночна јурисдикција.
Ги лишуваат ли мултинационалните корпорации земјите од потребниот капитал за инвестиции? Како многу уважениот, покоен економист Лорд П.Т. Бауер правилно е забележано, дека земјите со правилни политики и институции ќе го привлекуваат целиот капитал кој може да се употребува продуктивно. Оние со грешни политики и институции ќе го потрошат каков и капитал да им биде даден или да се инвестира во нив. Бизнис инвестересите се таму, каде што парите им се добро третирани. Места кои беа сиромашни, а сега се просперитетни, како Хонгконг, Тајван, Сингапур, Естонија и Чиле привлекоа огромни количини приватен капитал, бидејќи поседуваат владеење на правото, малку корупција и адекватни економски политики, вклучувајќи за заштита на приватната сопственост.
Истражувањата покажале дека мултинационалните корпорации се најдобрите мотори на економскиот развој, не само заради капиталните им инвестиции, туку најмногу поради работните места кои ги создаваат, а заедно со тоа и поради управување, организациски и технолошки вештини кои внесуваат во земјите во развој. Не е изненадувачки, дека напорите за зголемување и вештачката распределба на корпоративните профити се предводени од политичари, адвокати, владини бирократи и претставници на невладини организации, кои имаат малку или никакво искуство во вистинска работа и создавање на богатство.
Многу од нив имаат расипничкото трошење, удобности и огромна безбедност во нивните работни места. Овие во меѓународните организации сами си уредиле да не бидат оданочувани. Даноците на корпоративните приходи се исклучително деструктивни, бидејќи погрешно го прераспределат капиталот, ја кријат вистинската цена на владата и не можат да бидат “чесно” распределени меѓу различните јурисдикции. Слични напори ќе доведат до повеќе корупција и забавен глобален развој. Точниот одговор на “проблемот” со пренасочувањето на корпоративните приходи е даноците да бидат отстранети. Нема данок, нема проблем. / БГНЕС
——–
Текстот на Ричард Ран е дел од неговата постојана колумна во “Вашингтон тајмс”. Ран e заменик-шеф и главен економист на Американската стопанска комора во времето на претседателот Роналд Реган. Како економист ги брани идеите на либертаријанството и минималните државни прописи за бизнисот. Дел е од орагнизацијата “Монт Пелерин”, поврзана со Чикашката школа, и поврзана филозофскиот центар на неолиберализмот.
