Полицијата приведе 14 лица кај споменикот на советските ослободители на Рига во главниот град на Латвија, кои учествуваа на протестот против неговото уривање, пренесува ТАСС повикувајќи се на локалните медиуми.
Неколку десетици луѓе вчера протестираа против уривањето на споменикот во Паркот на победата во Рига, објави летонскиот информативен портал „Делфи“.
Претходно беше соопштено дека во паркот каде што се наоѓа споменикот од 1985 година пристигнале градежни работници и механизација, а околу споменикот биле распоредени најмалку 10 минибуси со полицајци.