375
Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, денеска потпиша еден од најригорозните анти-ЛГБТ закони, што наиде на осуда од западните влади, компании и активисти за човекови права.
Истополовите заедници се веќе нелегални во Уганда, како и во повеќе од 30 африкански земји, но новиот закон оди подалеку во таргетирање на хомосексуалци, бисексуалци и транс лица.
Овој закон предвидува смртна казна за таканаречената „тешка хомосексуалност“, која вклучува хомосексуални односи со ХИВ-позитивно лице и 20 години затвор за „промовирање“ на хомосексуалност.