Ријад: Муслиманските земји бараат итен прекин на воените операции во Појасот Газа

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Од вонредниот заеднички исламско-арапски самит во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, беше упатено итно барање за прекин на сите воени операции во Појасот Газа, а беше одбиено и оправдувањето на Израел дека бил принуден да дејствува во самоодбрана.

Учесниците на овој самит во завршната изјава повикаа Меѓународниот кривичен суд да ги истражи „воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени од Израел“ на палестинска територија, пренесува Ројтерс.

Саудиска Арабија се обиде да изврши притисок врз САД и Израел да ги прекинат непријателствата во Појасот Газа, а престолонаследникот Мохамед бин Салман, де факто владетел на саудиското кралство, ги собра арапските и муслиманските лидери за да го засили тој притисок.

Слични содржини