Поп-ѕвездата Ријана официјално има нова љубов, а фановите не се премногу изненадени од нејзиниот избор. По повеќемесечни шпекулации, потврдено е дека пејачката е во врска со раперот и долгогодишен пријател Асап Роки.
Според странските медиуми, парот бил виден и фотографиран во Њујорк, иако, се разбира, ова не е прв пат да се појавуваат заедно во јавноста.
Во текот на летото, Роки ја поддржуваше пејачката за време на промотивна кампања за нејзината козметичка линија „Fenty Skin“. Тој исто така и помогна на Ријана преку низа видеа и интервјуа кои го промовираа нејзиниот нов бренд.
Пријателството и соработката меѓу двајцата музичари трае многу долго. Уште во 2013 година, Роки и се придружи на Ријана на нејзината светска турнеја Diamonds. Тие соработуваа и на нејзината песна „Cockiness“ од албумот „Talk That Talk“ од 2011 година.
Голем број години, раперот е главна придружба на Ријана на важни настани.
Гласините за врската се појавија на почетокот на оваа година, кога пејачката раскина со Хасан Џамел.