Ријана официјално стана најмладата милијардерка во САД

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го стекнала своето богатство.

Пејачката која годинава наполни триесет и четири години, неодамна беше прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Форбс, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години.

Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, што се должи на успехот на нејзините брендови „Fenty Beauty“, „Fenty Skin“ и „Savage X Fenty“.

„Не можев ни да замислам дека ќе заработам толку пари. Секако, и понатаму продолжувам да работам напорно, но нема да дозволам да се опседнам со парите“, изјави пејачката претходно за „Њујорк тајмс“.

Слични содржини