227
Ријана роди син пред неполни четири месеци.
Повеќето ѕвезди брзаат да ја вратат својата тежина од кога биле помлади по породувањето, но на Ријана не и пречи вишокот килограми и го покажува со гордост.
Имено, таа вчера беше фотографирана пред ресторан во друштво на своето момче, облечена во кратко црно здолниште и корсет кој ги истакна нејзините гради.
View this post on Instagram
Ријана со ова издание воодушеви многу следбеници. Тоа што таа веднаш не се подложила на ригорозни диети, туку се посветила на мајчинството, некои го сфатиле како порака за поддршка на мајките ширум светот кои се соочуваат со истиот проблем.
Фото: Diggzy / Shutterstock Editorial / Profimedia