Познатата американска пејачка Ријана ја отфрли тужбата против нејзиниот татко само неколку недели пред да се соочат еден на друг на суд.
Поп -пејачката поднесе тужба против нејзиниот татко Роналд Фенти во 2019 година за користење на нејзиниот имиџ за за својата приватна компанија.
Според медиумите, нејзиниот татко го злоупотребил нејзиното уметничко име во корист на неговата компанија, па пејачката го тужела за лажно рекламирање и повреда на нејзината приватност.
Иако не е позната точната причина за нејзината конечна одлука, американските медиуми шпекулираат дека таа постигнала вонсудска спогодба со нејзиниот татко и неговиот деловен партнер.
Судењето беше закажано за 22 септември годинава, но како што веќе наведовме, се чини дека успеала да најде решение надвор од судот што би било во нејзина корист, но и во корист на нејзиниот татко.