Откако минатата година роди син, поп-ѕвездата Ријана и нејзиниот партнер, раперот „A$AP Rocky“, го очекуваат своето второ дете.
Иако пејачката официјално не го потврди полот на второто бебе, странските медиуми пишуваат дека неодамнешниот шопинг избор на Ријана навестувал „доаѓање“ на девојче.
Имено, поп-ѕвездата било уловена додека купува пастелно розово боди за бебе, а се претпоставува дека е наменето за наследникот, пишува „Дејли Мејл“.
Да потсетиме, Ријана и раперот ја започнаа својата романса во 2020 година, а во мај минатата година добија син. Пејачката откри дека повторно е бремена за време на нејзиниот настап на овогодишениот Супер Боул.
Неодамна во интервју за магазинот „Вог“ откри дека со години внимава на линијата и избегнува слатки, но поради бременоста не може да одолее на чоколадото.
Фото: Black Belts / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia