Рикер: Македонците се фрустрирани и незадоволни од напредокот во однос на корупцијата

од Radmila Tasevska
268 прегледи

Поранешниот американски помошник државен секретар и некогашен амбасадор во земјава Филип Рикер, во интервју за „Сител“ вели дека граѓаните на С.Македонија се фрустрирани и незадоволни од напредокот во однос на корупцијата.

-Овде не се работи за партии, ова е за одлуки на земјата во целина. Сите треба да кажат дека ќе го промениме ова. САД го поддржаа тоа, изјави Рикер.

Посочи дека САД инвестираат во реформските напори преку најразлични програми за да ги помогнат судските реформи, за што изминативе години вложиле нешто над 560 милиони долари.

Во однос на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10д, Рикер нагласува дека постојат процеси и процедури кои се пропишани со закони, правила и регулативи за реализација на вакви проекти.

– Лично не ги знам во детали, но тоа треба да биде легитимниот тест за овој случај. Јас знам дека инфраструктурата е важна и ова го слушам со години, но ајде да реализираме некои од овие проекти, порача Рикер, додавајќи дека се сеќава оти за нив се разговарало уште кога бил амбасадор во Скопје, а и кога дошол првпат во земјава во 90-те години на минатиот век.

Слични содржини