🎥 Рики Џервејс доби ѕвезда на Холивудската патека и отвори контроверзна тема за обвиненијата за сексуална злоупотреба

од Марта Пешевска
7 прегледи

Британскиот комичар Рики Џервејс (63), најпознат по култната серија „Канцеларијата“ („The Office“) и серијата „After Life“, доби ѕвезда на славната Холивудска патека во петокот. Во својот говор на церемонијата, тој не се плашеше да отвори контроверзна тема — обвинувањата за сексуална злоупотреба.

Џервејс рече дека сега се наоѓа во друштво со имиња како Мајкл Џексон, Бил Козби и Роско „Фети“ Арбакл — сите обвинети за сексуална злоупотреба. „Ви благодарам многу за оваа чест. Навистина е возбудливо да се биде дел од толку ексклузивен клуб“, рече Џервејс, пренесува „Дејли Меил“.

Рики Џервејс стана познат по серијата „Канцеларијата“ која првпат се емитуваше на BBC Two, а потоа беше адаптирана и во популарната американска верзија. Исто така, тој ја создаде и играше во серијата „After Life“. Неговата ѕвезда е 2.813-та која се појави на Холивудската патека на славните во Лос Анџелес.

 

Слични содржини