Рики Мартин се разведува од сопругот по 6 години брак

од Stefanija Kuzmanovska
441 прегледи

Познатиот пејач Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Џозеф се разведуваат по 6 години брак.

„Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години“, објави парот во изјавата за People.

„Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и однос заснован на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, навеле тие.

Рики и Џван ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година.

Во 2008 година, Рики Мартин ги доби близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.

Слични содржини