Мате Римац изјави за британскиот Autocar дека планира да произведе флота роботски такси до 2026 година. Тој посочи дека возилото треба да биде претставено на почетокот на оваа година, а комерцијално ќе биде претставено две години подоцна.
За потсетување, Rimac Automobili работи на технологија за автономно возење од 2017 година, а минатата година компанијата доби речиси 200 милиони евра средства од Европската Унија за да го развие својот проект за роботакси.
Во интервју за британскиот Autocar, ко-основачот и извршен директор на Rimac Automobili изјави дека Nevera, автомобил вреден 2 милиони долари, всушност е производ со кој сакаат да го привлечат вниманието кон другите проекти во компанијата. Тој ги опиша автономните такси возила како возила кои имаат за цел „да ги променат животите на луѓето“ преку обезбедување лесен пристап до урбаната мобилност.
Autocar во својот текст наведува дека Rimac планира да развие и изгради инфраструктура за автономни возила која вклучува станици за полнење, магацини и паркинзи. Римац го опиша автономното возило како „сосема различен тип на автомобил“.
Сè уште нема фотографии или спецификации за роботаксито, но од Rimac, пренесува Autocar, тврдат дека возилото ќе има уникатна структура. Треба да биде претставен на почетокот на оваа година, а комерцијално ќе биде претставен во 2026 година, вели Мате Римац, кој исто така вели дека таквото „возило може да го промени начинот на движење на луѓето низ градовите“, додавајќи дека „ќе биде премиум услуга, што не значи дека ќе биде скапа или фенси“.