Римац сака да го купи уделот на Porsche и целосно да го преземе Buggati Rimac

„Само сакам да можам да донесувам долгорочни одлуки, да инвестирам долгорочно и да ги правам работите поинаку, без да морам да објаснувам на 50 луѓе“, објасни тој.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Принтскрин

Мате Римац потврди дека групацијата Rimac преговара за купување на уделот што го поседува Porsche AG во заедничкото претпријатие Buggati Rimac, со цел да се постигне договор до следната година. Rimac, кој е најголемиот поединечен акционер во својата групација, сака да преземе целосна контрола за да може самостојно да донесува долгорочни одлуки, пишува „Блумберг Адрија“.

„Не е тајна дека сме во преговори“, рече Римац во интервју во Сингапур, давајќи го најдеталниот опис досега за можната трансакција. Главниот мотив за овој потег, како што вели тој, е поголема агилност и слобода во бизнисот.

„Само сакам да можам да донесувам долгорочни одлуки, да инвестирам долгорочно и да ги правам работите поинаку, без да морам да објаснувам на 50 луѓе“, објасни тој.

Компанијата Buggati Rimac е основана во 2021 година како заеднички проект помеѓу групацијата Rimac и Porsche за производство на хиперавтомобили. Според Римац, Porsche претходно се обидел да ја преземе мнозинската контрола. Сега ситуацијата е обратна – Римац сака да купи 45 проценти од акциите на Porsche, а за ова има поддршка од неименувана меѓународна група инвеститори и фондови за приватен капитал, според „Блумберг Адриа“.

Извори запознаени со ситуацијата изјавија во април дека Римац веќе дал прелиминарна понуда со која заедничкото вложување се проценува на нешто повеќе од една милијарда евра.

Римац е свесен за сложеноста на преговорите со голема корпорација зад семејството Порше-Пих. „Кога преговарате со корпорација, има толку многу фактори“, рече тој. „Тоа се семејства, тоа се повеќе семејства. Тоа е емотивна тема“.

Потсетуваме дека Римац ја основа својата компанија во 2009 година, а оттогаш се фокусира на развој на целосно електрични хиперавтомобили и производство на компоненти за други автомобилски гиганти.

Слични содржини