Римац: Елон сè уште не игнорира, а и понатаму сме многу побрзи

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

МАТЕ РИМАЦ се огласи на Фејсбук и се пожали дека Елон Маск сè уште го игнорира. Но, тој сепак му честиташе.

„И покрај тоа што Елон не игнорира (тврдејќи дека Plaid има најголемо забрзување) -и понатаму сме многу побрзи, имаме скоро двојно поголема моќност, поголема батерија и побрзо полнење. Сепак, неверојатни перформанси за релативно пристапен семеен автомобил – поставувајќи нови стандарди за главните ОЕМ произведувачи. Браво Тесла, браво Елоне“, напиша Мете на Фејсбук.

Маск синоќа го претстави својот Tesla S Plaid sedan и потврди дека веќе има продадено 25 парчиња. Тој исто така истакна дека тоа е „најбрзиот и најдобриот електричен автомобил во светот“.

На презентацијата на S Plaid беше речено дека забрзува од нула до 95,6 км / ч за помалку од две секунди. Неверата на Римац го постигнува тоа забрзување за 1,85 секунди.

„Тесла“ не даде коментар за Неверата

Испративме прашање до „Тесла“ за да даде коментар за Неверата на Римац веднаш по првото претставување. Тие порачаа дека не коментираат такви вести.

Слични содржини