Римац го презема Bugatti, создадена нова компанија со седиште во Хрватска

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Rimac Automobili и Bugatti Automobiles најавија создавање на нова компанија во која, според соопштението, ќе ги комбинираат своите знаења од областа на дизајнот, иновациите и технологијата.
Новата компанија ќе се вика Bugatti Rimac d.o.o. а нејзин извршен директор ќе биде самиот Мате Римац.

Мнозински акционер е Римац групација, која ќе биде мнозински акционер со 55 проценти удел, додека Porsche го задржува постојниот удел од 24 проценти во Римац групацијата и стекнува удел од 45 проценти во новата компанија.

Во изјавата на Rimac Automobili се наведува дека ова ја комплетира трансформацијата на Rimac од амбициозен стартап во „етаблиран глобален играч во автомобилската индустрија“.

Слични содржини