Римац нуди 1.000 евра за секој што ќе му препорача кандидат за работа

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Мате Римац на својот Фејсбук објави дека неговата компанија „Римац Груп“ бара големи засилувања, а секој што ќе препорача вработен ќе биде награден со дури 1.000 евра бруто.

– Како што се зголемуваме со големи производствени проекти за светските автомобилски компании во изградба и во подготовка, се шириме на сите нивоа. Овој пат бараме засилувања во набавката и логистиката“, напиша Римац. Секој што ќе препорача кандидат, а тој на крајот ќе се вработи, ќе биде награден со 1.000 евра (бруто) – без разлика дали сте вработен во „Римац Груп“ или не“, објави Римац, пишува Пословни.хр.

Римац бара искусни експерти во областа на набавките и логистиката кои би ја преземале одговорноста за повеќето делови од големите проекти, напиша Римац, наведувајќи пример.

– Лицето ќе биде одговорно за набавка на материјали и компоненти за батеријата или погонскиот систем што ги развиваме и произведуваме во стотици илјади единици за голема автомобилска компанија, напиша тој.

Смета дека се работи за сложени проекти кои не се за почетници и побара од сите заинтересирани да не препорачуваат неквалификувани и неискусни кандидати.

– Додадовме над 450 луѓе во нашиот тим во 2021 година (не сметајќи ги колегите кои ни се придружија од „Бугати“) и планираме да вработиме над 700 луѓе во 2022 година – затоа држете ги очите отворени за позициите што ви одговараат, вели Римац.

Слични содржини