Во Света Недеља во тек е изградбата на идното модерно глобално седиште на Bugatti Rimac и Rimac Technology во вредност од 200 милиони евра.
Кампусот е еден од најголемите истражувачки, развојни и производствени комплекси во Европа, не само во автомобилската индустрија, според Rimac Automobili.
Работите на градилиштето на кампусот се емитуваат во живо на YouTube.
Со тест патека што го опкружува комплексот, музеј, дизајн, инженерски одделенија и капацитети за производство и тестирање, новиот кампус, како што тврдат, ќе биде уникатна локација и глобално седиште на Rimac Group.
„Rimac Campus ќе биде местото каде што ќе се дизајнира и развива секој иден модел на Bugatti и Rimac, како и компонентите што Rimac Technology ги развива за други производители“, пишуваат Rimac Automobili.