Ристески од ВМРО-ДПМНЕ: Да ви се мо*ам во договорот

од Nikola Popovski
287 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески денеска од собраниската говорница изјави дека за заклучоците од францускиот предлог „ниту мртов нема да гласа“.

-За некој од вас верував дека ќе го направите ова, некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премислите. А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство, рече Ристески.

Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку.

Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог, додаде Ристески од вториот ден на расправата за владината информација за францускиот предлог.

Слични содржини