Ристоска: Моето необразложено отфрлање отвара сериозен сомнеж за тоа какви се критериумите на Владата

„Тоа е исто како Професор да одлучил дека студентот паднал на испит без да му го воопшто оцени неговиот писмен тест“, изјави Ристоска.

од Кристијан Димков
8 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Телма

Необразложеното отфрлање на мојата кандидатура за државен јавен обвинител без да се има на увид биографијата, севкупните кариерни достигнувања, програма и визија за иднината на обвинителството отвара сериозен сомнеж за тоа какви се критериумите според кои Владата ќе избере кандидатот за таа функција, изјави јавната обвинителка Ленче Ристоска на вчерашната дебата во „Топ тема“ на Телевизија Телма.

„Тоа е исто како Професор да одлучил дека студентот паднал на испит без да му го воопшто оцени неговиот писмен тест“, изјави Ристоска.

Таа додаде и дека ваков принцип на одлучување, во било која сфера од јавен интерес е погубно за општеството и дека во моментот остануваат само дилеми во однос на критериумите од коишто се раководел Претседателот на Владата и кои се критериумите од кои ќе се раководи Владата понатаму во процесот за избор на државниот јавен обвинител.