Не го сметам за сериозен аргументот за бил што да се поттикне преговорите не треба да гледаме надежи дека работите ќе се сменат на подобро дека некој ќе го смени својот екстремистички став, вели Љупчо Ристовски, претседателот на Интегра во емисијата 24 анализа.
Тој истакна дека во денешната одлука на ЕУ не е прецизирано кој погрешно толкува историја, дали Македонија или Бугарија.
-За Бугарија е проблем постоењето на македонскиот народ во етнички контекст каков што ние се поимаме. Тоа е наше суверено право и погрешни се основите на кои Бугарија продолжува и изборите ги влечат од спогодбата каде ние сме потпишани дека имаме заедничка историја.Ако попуштиле во едниот идентитетски столб, природно е да очекувате и од другиот кои има екстретистички ставови да продолжат и со другите два. Бугарија ќе си опстои на тие екстремистички ставови. Изгледа некој од оваа страна им намигнува, држете цврсто, а ние ќе ја месиме Македонија“, вели Ристовски.