Ристовски: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ треба да ја предаде власта, мора да има насилство

од Nikola Popovski
206 прегледи

„Се разбира дека болката на ВМРО-ДПМНЕ се настаните од 27-ми април. Но, сметам дека таа е малку поширока од ова затоа што тие најверојатно сметаат дека секогаш кога треба да се предаде власта, ако се они на власт, мора да има насилство“, вели членот на СДСМ и заменик-министер за правда, Оливер Ристовски.

„27-ми април е типичен пример за насилство. Судскиот процес беше многу транспарентен и јавен и секој си ја доби заслужената казна во него. Овие зборови како трас-трас и бум-бум за судството се зборови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и зборови на дел од преговарачкиот тим на партијата за сите покрупи законски проекти, кои беа услов за добивање на датумот за почеток со преговорите со ЕУ“, изјави Ристовски.

Слични содржини