Пејачката Рита Ора, која е родена во Приштина, стана дел од марките на Поштата на Косово.
Поштенската марка со нејзиниот лик ќе биде пуштена во промет од денеска 26-ти ноември, поточно на нејзиниот роденден.
„Повеќе од десет години на врвот на меѓународната музичка и уметничка сцена, таа ја користеше секоја можност преку својата слава да ја промовира својата родна земја, Косово, како и целиот албански народ“, се вели во соопштението на Косовската пошта.
По повод објавувањето на оваа поштенска марка, извршната директорка на Косовската пошта, Факете Кадиу, изразила благодарност до Рита Ора.
„За Поштата на Косово е чест да ѝ се оддаде ваква почит кон Рита Ора. Таа ни подари многу убави моменти и бескрајна гордост со нејзините песни, настапи и прекрасни концерти. Овој прекрасен печат нека биде симболичен подарок на Косово за нашата пејачка, на овој посебен ден за неа, за нејзиниот исклучителен придонес за нашата земја и нашата нација“, рекла Кадиу.