Рита Ора ќе го води доделувањето на наградите МТВ Европа во ноември

од Vladimir Zorba

Британската пејачка Рита Ора ќе ги предводи овогодинешните Музички награди МТВ Европа. 26-годишната убавица се враќа во нејзиниот роден град Лондон за да биде домаќинка на годишното шоу на Вембли Арена на 12-ти ноември.

“Јас сум толку возбудена што сум домаќин на овогодинешните награди за МТВ во мојот роден град, и се сеќавам колку уживав во мојот прв ваков настан во Франкфурт во 2012 година”, рече таа.

По серијата терористички напади во главниот град на Велика Британија претходно оваа година, Рита рече дека е решена да помогне во организирањето на незаборавно шоу за љубителите на музиката.

Церемонијата, која ќе се емитува во живо на телевизиски и социјални мрежи, ќе се одржи во Лондон за прв пат од 1996 година. МТВ допрва треба да открие имиња вклучени во програмата во наредните денови.

Слични содржини