Ризаов: Проколнатиот ден кога престанавме да бидеме ничија земја

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Има денови кои додека сте живи се паметат, се разбира, ако не ве нападне Алцхајмер. Еден од тие денови кој во мојата таковина е проколнат и избришан од колективното памтење е денот кога престанавме да бидеме ничија земја, кога станавме призната држава. Наместо голем празник и сенародна радост 8 април 1993 година стана снеубавен, омрзнат ден на нашите вечни предавства, омрази и делби.

Денеска, (8 април) точно 30 години од приемот на Македонија за членка на Обединетите нации е пристојна временска и историска дистанца да погледнеме посмирено од еден друг агол, без „висок напон“, како овој ден, чиј непосреден сведок бев на местото на настанот, некои сѐ уште велат на „злосторството“, се претвори во предавство на националните и државни интереси. Нешто што многу потсетува на нашите денешни состојби на предавства, омрази и делби и по поминати три децении.

Вечерта на 7 април 1993 година, кога веќе беше донесена Резолуцијата 817 која ги отвараше вратите за прием на Македонија во ООН бев на 40 кат во хотелот „Плаза“ во Њујорок. Во пространата соба го грицкав заштитниот знак на главниот град на светот и од широките прозорци со детска љубопитност ги гледав облакодерите наредени како кибрити. Господе, си реков, јас сум во Њујорк, а утре е голем ден. Ќе бидам сведок на историски настан.

Нема ништо подобро и позначајно во оваа некогаш ценета професија од тоа да се известува од такви настани кои остануваат трајно во историјата на својата држава врежани длабоко во сеќавањата до најмалиот детаљ.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини