Ризото со тиква

од desk4
766 прегледи

Сега кога е сезона на тиквите, ви предлагаме да испробате еден поинаков начин на нејзино приготвување.


СОСТОЈКИ:
1 чаша ориз (најдобар е арборио ориз)
1 главица кромид
4 лажици путер
1/2 чаша бело вино
200 г тиква
50 г пармезан
сол и црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Сто грама од тиквата обарете ги, а останатите 100 г исечкајте ги. Во длабока тава загрејте 2 лажици путер, потоа додајте го сечканиот кромид и пржете додека омекне. Додајте го оризот, сечканата тиква и измешајте. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Додајте го виното и динстајте додека се впие течноста. Потоа додавајте топла вода по 2 и 1/2 чаши и секој пат мешајте и динстајте додека се впие течност, па одново додајте иста количина вода. Вака правете додека омекне оризот. На крај додајте го преостанатиот путер, пармезанот и сварената тиква. Промешајте и послужете.

Слични содржини