170
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што посочуваат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.
– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која ќе биде на сила од 0:01 часот на 1 април, инфрормираат од Регулаторната комисија.