РКЕ ќе ја разгледува одлуката за одземање на лиценците на БЕГ за производство на топлинска енергија

од Берта Китинска
195 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценците за производство,на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Се очекува следната недела да се закаже главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп, изјави за „Локално“ Марина Узунов портпарол на РКЕ.

Минатата недела првиот човек на РКЕ најави дека Комисијата е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски.

Слични содржини