Роберт Кенеди Џуниор: Членството на Украина во НАТО води кон бесконечна војна

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Ветувањата на земјите од НАТО за прием на Украина во Северноатлантската алијанса значат дека конфликтот ќе се одолговлекува на неодредено време, изјави кандидатот за функцијата претседател на САД, Роберт Кенеди Џуниор.

„Имајќи предвид дека членството на Украина во НАТО е целосно неприфатливо за Русија, тоа во суштина значи дека војната е бесконечна“, напиша тој на социјалните мрежи.

По самитот на НАТО во Вилнус на 11 јули, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека земјите-членки на блокот направиле три чекори кон Украина. Донесена е одлука да не се бара од Украина да го спроведува Акциониот план за членство во НАТО, одобрена е повеќегодишна програма за воена помош на Киев, како и формирање на Советот Украина-НАТО.

Столтенберг посочи дека поканата за Украина да стане членка на НАТО ќе биде испратена по согласност на сојузниците и кога ќе бидат исполнети сите услови.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, на прес-конференцијата го изрази своето незадоволство од таа одлука и рече дека заклучоците од самитот не се идеални за Киев, бидејќи тој не бил поканет во НАТО, пренесува „Спутник“.

Слични содржини