Актерот Роберт Патинсон (37) и неговата долгогодишна девојка, пејачката Суки Вотерхаус (31), тајно се вериле, пишува People, цитира Стандард лајф.
– Верени се. И двајцата сакаат да се венчаат, тоа им е многу важно – рекол извор близок до парот.
Да потсетиме, парот неодамна откри дека го чекаат своето прво дете. Изворот, исто така, рече дека Патинсон „едвај чека да стане татко“ и дека Суки „има посебен труднички сјај“.
Гласините за веридбата започнаа кога парот заедно прошета низ улиците на Лондон. Суки го покажа трудничкиот стомак, но она што на многумина им падна во очи е дијамантскиот прстен на нејзината рака.
Да потсетиме, Суки ја откри веста за бременоста додека настапуваше на фестивал во Мексико, велејќи ѝ на публиката:
– Денеска решив да облечам нешто светкаво бидејќи мислев дека може да го одвлече вниманието од нешто друго што се случува. Не сум сигурна дали функционира…