Роберт Патинсон откри кога ќе започне снимањето на продолжението на Batman

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Роберт Парисон откри во новото интервју за Deadline дека снимањето на The Batman Part II, во режија на Мет Ривс, нема да започне до крајот на 2025 година. Актерот првпат го толкуваше популарниот суперхерој Бетмен во 2022 година, а неговата изведба ги воодушеви љубителите на стрипови.

За време на премиерата на неговиот најнов филм, научно-фантастичната црна комедија Mickey 17, Патинсон изјави дека не може да зборува за деталите на заплетот на новиот Бетмен, но го нарече филмот „кул, навистина кул“.

Веста за почетокот на снимањето беше објавена веднаш откако Warner Bros. објави дека премиерата на The Batman Part II е одложена од 2 октомври 2026 година за 1 октомври 2027 година. Филмот беше најавен уште во април 2022 година, кога беше потврдено дека ѕвездите од првиот филм ќе глумат во продолжението: Патинсон, Енди Серкис, Џефри Рајт и Колин Фарел.

Ривс претходно изјави за медиумите: „Работиме на тоа да продолжиме таму каде што застана приказната и нешто што се надевам дека навистина ќе ги изненади гледачите“.

Првиот филм од франшизата на Ривс беше огромен хит, со заработка од речиси 800 милиони долари на бокс офисот. Критичарите му дадоа позитивни критики и подоцна беше номиниран за три Оскари.

Што се однесува до Патинсон, неговиот филм Mickey 17 ќе може да се гледа во кината од 6-ти март. Следен проект на актерот е филмот за Одисеја, во режија на Кристофер Нолан.

Слични содржини