Робин Ван Перси зачекорува на тренерската сцена: Наскоро ќе преземе познат тим

од Симе Стоиков
176 прегледи

По завршувањето на играчката кариера, легендарниот Холанѓанец, Робин Ван Перси ја започна својата тренерска кариера.

Беше март 2020 година кога познатиот РВП ја презеде одговорноста за јуниорските селекции на Феенорд. Клубот кој што го лансираше во височините како играч.

По речиси четири години минати во академијата на клубот, Робин Ван Перси треба да преземе клуб на сениорско ниво.

Како што пренесува британски Дејли Мирор, РВП треба да стане шеф на стручниот штаб, на моментално 11-пласираниот тим во Ередивизија. Станува збор за Херенвен.

Легендарниот напаѓач на тој начин би го заменил 55-годишниот Кис ван Вондерен. Неговиот договор со Херенвен истекува на крајот од сезоната.

Без разлика, тој треба да си замине од функцијата неколку недели порано, па Робин Ван Перси порано би седнал на клупата на својот нов тим.

Доколку биде назначен за нов тренер на Херенвен, тоа ќе биде првиот клуб во неговата тренерска кариера што ќе води на сениорско ниво.

Споменатиот британски извор наведува дека Ван Перси сака по успешната кариера како фудбалер да стане менаџер на елитно ниво. Во моментов Холанѓанецот посетува курсеви за добивање на УЕФА Про лиценца.

Слични содржини