Робот-батлер дома? Гугл може да помогне!

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Дали некогаш сте замислиле како би изгледало да имате личен робот батлер? Што ќе кажете за Тејлор Свифт или Ријана пример. Google може да ви помогне.0000259449-article2

Компанијата има добиено патент за дизајнирање на “личности роботи”. Од гигантот тврдат дека можат да ја рекреираат омилената ѕвезда или починатиот роднина на пример, во зависност од нашите преференции, пишува “Yahoo Finance”.

Роботот ќе ги користи информациите од мобилните уреди. Ќе има пристап до календарот со настаните, текстуални пораки, разговорите и историјата на прелистување во мрежата, за да може точно да утврди какви луѓе сме и како најдобро точно да одговори на сите наши барања.

“Роботот може да биде програмиран да рекреира вистински луѓе. Земете ги цртите на неговиот карактер, кои ќе бидат пример за изгледот на апаратот”, велат од компанијата.

Google наведува неколку примери во кои роботот може да го изучи човековото однесување и да се адаптира. На пример, ако сте се успеале утрото и алармот ѕвони веќе по четврти пат, роботот може да процени дека итно ви е потребна чаша кафе.

Во друг случај машината може да ви напомни дека надвор ќе врне, ако знае дека многу го мразите дождот. Може да ви избере облека за денот на база на времето надвор или да ве потсети да не ги заборавите клучевите.

Ќе може дури и да го искарате роботот, ако на пример ви приготвил сендвич со путер од кикирики, а вие сте алергични на него. Ова ќе доведе до трајни промени во однесувањето на машината и ќе запамети засекогаш дека направила нешто погрешно.