Робот го прекина Путин, за да му се претстави

од desk3
72 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин беше прекинат од … робот во чудна случка за време на руски технолошки шоу, пишува британското издание “Дејли Меил” (Daily Mail).

Шефот на државата се ракуваше со робот при посетата на технолошка компанија, откако роботот го позна и сам се претстави на претседателот .

64-годишниот Путин беше фотографиран како се ракува со црно-белиот робот при неговата посета во технолошка компанија во градот Перм во централниот дел на Русија.

Роботот има функција за препознавање на лицето и го препознал рускиот претседател. Потоа го прекинал Путин и сам се претставил.

Роботот рекол на рускиот лидер:

“Здраво Владимир Путин. Јас сум Промобот, автономен робот за бизнис. За мене е задоволство да се запознаам со вас ” .

Освен дека има способност дапрепознава лица роботот може да разликува документи и владее неколку јазици. Креаторите му велат дека може да работи како автоматски систем за помош во различни институции и за време на меѓународни настани.