Пронајдокот по име Марк 1 чини 50 000 долари
Графичкиот дизајнер од Хонгконг Рики Ма создаде робот кој многу наликува на холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон. Пронајдокот на име Марк 1 чини 50 000 долари. Дизајнерот Рики Ма не крие дека ја моделирал надворешноста на својата “девојка” по образ и подобие на ѕвездата од “Одмаздници”. Тој, сепак преферира роботот да не го носи нејзиното име.
Дизајнерот го создал скелетот на своето создание со помош на 3D печатач. Околу 70% од телото на робот е направено благодарение на оваа технологија . Исклучок прават исклучиво моторот и компјутерските микрокомпјутери.

Година и половина била потребна за изработка на робот.