Продавница во Јапонија вработи робот што ќе се осигури дека клиентите носат маски, откако земјата се подготвува за можен трет бран на вирусот.
Robovie, развиен од Меѓународниот институт за истражување за напредни телекомуникации во Кјото, има способност да ги открие луѓето што не носат маски и љубезно да ги замоли да си го покријат лицето. Освен тоа, роботот може да интервенира кога луѓето не одржуваат физичка дистанца додека чекаат да платат.
Роботот може да се движи низ продавницата и да ги услужува купувачите да пронајдат одреден производ.
Тестирањето на роботот, кое почна минатата недела во продавница во Осака, фан-шоп за професионалниот фудбалски тим, ќе трае до крајот на месецот.
Програмерите на Robovie, кои стојат зад многу други роботски иновации, се надеваат дека експериментот ќе го намали блискиот контакт помеѓу купувачите и вработените, додавајќи дека тие веруваат дека повеќето луѓе ќе се чувствуваат помалку засрамено кога робот ќе им каже да го покријат своето лице отколку некој друг човек.
Роботот користи камера и сензори за набљудување на луѓето и ласери за мерење на растојанието меѓу нив. Кога не спроведува физичко дистанцирање и носење маски (превентивна мерка што е општо прифатена во Јапонија), Robovie ги води клиентите низ продавницата.
Јапонија одлично се справи со пандемијата и избегна висока стапка на заразени и смртни случаи, што беа забележани во други земји, а неодамнешниот пораст на заболени доведе до нови мерки за да се спречи притисокот врз болниците.