Робот помошник, „вработен“ во Градски совет во Јужна Кореја „престанал да постои“ додека бил на работа, фрлајќи се по скали, соопштија градските власти.
Инцидентот се случи минатата недела: роботот е забележан како „се врти на своето место како нешто да не е во ред“ пред да падне два метри по скалите.
„Деловите на роботот се собрани и ќе бидат анализирани од производителот“, изјави за AFP претставник од Градскиот комитет.
Асистентот, произведен од стартап од Калифорнија, презел административна улога минатиот август. Роботот имал своја официјална картичка и работел од 9 до 16 часот, пренесувајќи документи низ зградата, помагајќи им на посетителите.
За разлика од другите роботи, кои обично можат да користат само еден кат, овој знаел сам да го повика лифтот. Овој робот бил еден од првите што се користел на овој начин во градот.
„Смртта“ на машината длабоко го растажило персоналот и во моментов не се размислува за примање на нов робот.
„Тој официјално беше дел од градското собрание, еден од нас. Работеше вредно“, рече функционер од Советот.