Американската крајбрежна стража на Твитер објави дека роботска подморница (ROV) управувана од далечина го „допрела дното“ на Атлантскиот Океан.
Станува збор за далечинско управувана роботска подморница (ROV) која ја испрати канадскиот брод „Horizon Arctic“ во потрага по исчезнатата подморница „Титан“.
NEW THIS MORNING: Remotely operated vehicle (ROV) deployed by the Canadian vessel Horizon Arctic has now reached the sea floor – beginning its search for the missing submersible, per ABC News. https://t.co/DZ5ixkVMhq pic.twitter.com/LIuHUQ51Wc
— Steve McCarron KOMO (@SteveTVNews) June 22, 2023
Оваа мала подморница го испрати својот последен сигнал до бродот што ја следеше во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.
Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на „Oceangate Expedition“, компанијата што ја организираше оваа турнеја.