Робот влезе во центар на ураган: Погледнете што сними

од Vladimir Zorba
4,9K прегледи

Снимките од американската Национална администрација за океани и атмосфера покажуваат како мал робот се бори со бранови.

Роботот долг 7 метри бил испратен во центарот на ураганот, каде собирал податоци за да им помогне на научниците да дознаат повеќе за овој феномен. До сега, внатрешноста на ураганот беше снимана само со авиони. Овој робот се вика Saildrone, развиен од истоимената компанија.

„Очекуваме да се подобри моделот за предвидување на брзо интезивирање на ураганот“, рече научникот Грег Фолц во изјавата.

Основачот и извршен директор на Saildrone, Ричард Џенкинс, рече дека роботот може да влезе во центарот на ураганот, каде што не може ниту еден истражувачки брод, а податоците што ги собира ќе го сменат разбирањето за овие моќни бури.

Слични содржини