321
Рочиштето кое денес се оддржа врзано за протестите за случајот „Монструм“, ќе продолжи на 19. април.
Во рамки на денешното рочиште, сослушан беше новинарот Б.С. од ТВ Сонце кој од немирите се здоби со повреда на левата рака, а во рамки на обраќањето посочи дека бара оштета и се приклучува кон кривичниот прогон кон обвинетите. Сведокот, Блерим Ахмети пак, истакна дека нема да може да ги препознае оние кои учествувале во протестот.
За потсетување, на претходните рочишта три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.