На денешен ден – 24 декември

AvaGardner_28138_5

1167.- Роден е англискиот крал Џон, помладиот син на Хенри II, познат како Џон без Земја. Во текот на владеењето од 1199 година, кога на престолот го наследи братот Ричард I, ја обнови војната со францускиот крал Филип II Август, кој му презеде неколку големи имоти на континентот, вклучувајќи ја и Нормандија во 1205 година. Исто така во 1208 година се судри со папата Ирохентиј III, оспорувајќи му го изборот на кентерберискиот архиепископ, поради што Ватикан во 1212 година го екскомуницира од Црквата. Во судирот со племството во 1215 година мораше да попушти и да ја потпише „Magna carta Libertatum” со која е ограничена власта на кралот и воспоставување на основите на англиската уставност и јавното право.

1491.- Роден е Игнасио де Лојол, основач на јузеитскиот ред во 1534 година. Откако брше ранет во една од битките како шпански офицер, замина на студии во Барселона, а потоа и на Сорбона, каде магистрира теологија. За „генерал“ (старешина) на језуитскиот ред беше избран во 1541 година и на оваа функција остана се до смртта. Го изработи уставот на језуитскиот ред и прирачникот под назив „Духовни вежби за владеење над самиот себе“. Го изработи монашкиот ред, како и целиот духовен систем кој имаше голема улога во историјата, како и во интелектуалните католички кругови кои ги има и денес.

1524.- Умре португалскиот морепловец Васко де Гама, кој во 1498 година го пронајде патот до Индија пловејќи околу Африка. Ова придонесе за развој на трговијата меѓу западна Европа и Азија и јакнење на моќта на Португалија. При второто патување во Индија во 1502 година ја воспостави португалската колонијална власт, а во текот на третото умре во Индија.

1798.- Роден е Адам Мицкиевич, полски поет, драмски писател и револуционер, основач и водач на полскиот романтизам. Негови најзначајни дела се збирките песни „Балади и романси“ и „Кримски сонети“, еповите „Конрад Веленрод“, „Пан Тадеуш“ и драмата „Задушници“. Умре во Истанбул, на 26 ноември 1855 година.

1818.- Роден е англискиот физичар Џејмс Прескот Џул. Во негова чест меѓународната мерна единица за енергија е наречена „џул“. Термодинамичниот процес за претворање на топлотната енергија во механичка, врз основа на која работат турбомлазните авиони, е наречен „Џулов циклус“.

1863.- Во Лондон умре Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19. век. Негово најзначајно дело е „Панаѓур на суетата“. Роден е во Калкута, Индија, на 18 јули 1811 година.

1863.- Во Мадрид е роден Фердинандез Арбоз, шпански диригент и виолинист. Како диригент гостуваше во Италија, во Франција, во Белгија, во Швајцарија, во СССР и во САД. Умре во Сан Себастијан, на 2 јуни 1939 година.

1865.- Во местото Пуласки во американската држава Тенеси основана е расистичката организација на белците Кју-Клукс-Клан.

1914.- Велика Британија во Првата светска војна за првпат во историјата доживеа напад од воздух кога германски авион исфрли една бомба над Довер.

1922.- Родена е американската филмска актерка Луси Џонсон, позната како Ава Гарднер. Филмови: „Снеговите на Килиманџаро“, „Сонцето повторно се раѓа“, „Осамена ѕвезда“, „Нага Маја“, „Ноќ на игуаните“, „Педесет и пет дена во Пекинг“.

1924.- Во Битола е пуштена во работа првата електроцентрала.

1942.- Убиен е францускиот адмирал Жан Луј Франсоа Дарлан, командант на северноафриканските сили на марионетскиот режим на Анри Петен. Спротивно на Петеновата наредба, во текот на истоварувањето на англоамериканските трупи во северна Африка во Втората светска војна со наредбата да се прекине огнот го олесни нивниот напредок. Поради оваа наредба „Слободните Французи“ и понатаму го сметаа за предавник, а еден од поддржувачите на Шарл де Гол во Алжир врз него изврши атентат.

1942.- На германскиот експериментален полигон во местото Пинемунде во Втората светска војна успешно е тестирана новата ракета земја-земја наречена „ФЗГ 76“, која подоцна стана позната како ракета „Фау 1“.

1943.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт соопшти дека со сојузничките трупи во Европа во Втората светска војна ќе командува генералот Двајт Ајзехауер.

1951.- Либија е прогласена за независна држава на чело со кралот Идриз Први од семејството Сенуси.

1982.- Умре францускиот писател Луј Арагон, најпрво дадаист, потоа надреалист и на крај соцреалист. Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Елза“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света Недела“, „Комунисти“, есеите „Комунистички човек“, „Советска книжевност“, „За социјалистички реализам“, „Расправа за стилот“.

1991.- Михаил Горбачов му ја предаде на Борис Елцин командата врз советското нуклерано оружје.

1992.- Претседателот на САД Џорџ Буш го амнестираше поранешниот министер за одбрана Каспар Вајбергер со уште пет функционери вмешани во скандалот „Ирангејт“.

1994.- Исламски терористи при киднапирање на француски патнички авион во Алжир убија двајца, а од 239 заложници.

1995.- На парламентарните избори во Турција највеќе гласови освои исламиската Партија на просперитетот. Тоа е прва изборна победа на исламистите во 72-годишната историја на секуларна Турција.

1997.- Во Токио умре Тоширо Мифуне, славен јапонски филмски артист, ѕвезда на класичните филмови „Рашомпн“, и “Седумте самураи“. Роден е во Цингтао, Кина, на 1 април 1920 година.

1997.- Исламски терористи во два масакри убија 59 цивили во Алжир.

1999.- Поранешниот командант на армијата на Слоновиот Брег Робер Геи соопшти дека го тргна од власта избраниот претседател Анри Конан Беди.

2002.- Украински патнички авион кој превезуваше украински воздухопловни стручњаци се урна во Иран. Падот не го преживеа никој од 46 патници и членови на екипажот.

2014.- На 103-годишна возраст почина Кристиан Лекок. Заедно со нејзиниот сопруг Алберт, работеа на промоцијата на натуристичките вредности, создавајќи ја во 1950 година Француската натуристичка (нудистичка) федерација, а во 1953 година и Меѓународната натурстичка федерација. Брачната двојка Лекок во 1950 година го создадоа и Натуристичкиот центар за натурсти во Монталиве, кој е еден од најголемите во Европа. Во Меѓународната федерација за натуризам има 16 милиони членови од 38 земји./MIA

Слични содржини