252
Играчот за врска Харис Хајрадиновиќ (30) е блиску до трансфер на кариерата.
Турски Фанатик пренесува дека Хајрадиновиќ летово ќе се пресели во екипата на премиерлигашот Брентфорд.
Хајрадиновиќ е играч на Касимпаша, турски клуб кој во 2019 година за два и пол милиони евра го ангажираше од
Осиек.
Оваа сезона има 34 натпревари, четири гола и 16 асистенции. Вредноста на Хајрадиновиќ во моментов се проценува на 2,8 милиони евра.
Интересно за овој играч е што е роден во Македонија, поточно Прилеп но игра за Босна и Херцеговина каде одигра осум натпревари со репрезентацијата постигнувајќи еден гол.