Секој месец е апсолутно различен на свој начин и е поврзан со празници, нови настани и феномени.
На ист начин луѓето кои се раѓаат во еден или друг месец од годината, имаат различни, уникатни карактерни црти.
На пример, луѓето родени во декември се бестрашни и решителни. Тие се благословени со креативен ум и ништо не може да им ја исшмука целосно огромната енергија.
Тие се многу искрени и не трпат фалш – овие нивни квалитети донекаде се поклопуваат со карактеристиките на личностите од хороскопскиот знак Стрелец, но тие поседуваат и многу други.
А еве и уште 10 од нив:
1. Луѓето кои се родени во декември обично се уметници по душа. Тие ги сакаат филмот, литературата и музиката. Освен тоа тие се оптимисти и емитуваат среќа околу себе, што ги прави многу посакувано друштво.
2. Тие се љубопитни, забавни и имаат натпреварувачки дух. Освен тоа се склони често да претеруваат.
3. Тие се добри ментори и организатори. Тие ја мразат досадата, обично се многу активни во животот.
4. Луѓето родени во декември умеат да прават лесни пари. Тие паѓаат на коцкари и шпекуланти и смело ризикуваат во бизнисот.
5. Тие се дарежливи луѓе со кои човек лесно може да започне разговор, бидејќи се зборлести, но пак се тешки за разбирање. Причината е дека мислат апстрактно, избрзани се, а и неконзистентни и понекогаш на човек му е тешко да им ги следи налетите на мислата.
6. Тие се чувствителни, лесно ранливи се и се многу страсни и темпераментни. Сакаат да сонуваат и често тонат во планирање.
7. Тие имаат многу силна волја и добра концентрација – квалитети кои ги прават многу успешни во кариерата.
8. Родените во декември поседуваат одлична, вистински фотографска меморија.
9. Тие се многу диви и независни, а понекогаш се опасни за себе.
10. Тие се интелигентни со раѓање и се обдарени со надворешна убавина и харизма.