Стружанката, Јилдиз Веаповска која по оперативниот зафат за време на породувањето, остана без матка, бубрег и јајник, одбива да ја прифати одлуката на Лекарската комора која по спроведениот надзор се огласи и посочи дека Д-р. Мухамед Асани не направил пропуст.
Како што пренесува Сител, во изјава, Веаповска вели:
„Дали е ова нормално, ни јавноста, ни никој да не знае кои се од Лекарската комора докторите што го вештачат ова, што треба да одлучат дали има лекарска грешка или нема. Никој не знае, но докторот, директорот знае кој е во Комисијата. Јас не го прифаќам ова бидејќи сите доктори што биле, се Албанци. Ниту немало Македонец. Заминав здрава и права во Струга на породување. Заминав да се породам, а по породувањето излегувам без бубрег, без матка и без јајник. И тоа се будам на КАРИЛ. Нека излезе Лекарската комора јавно нека образложи медицински зошто се тргнати тие органи, ако немало лекарски пропуст. Тогаш што може да има?“, прашува Веапоска.
Инаку претходно утринава и министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека стручниот наод не констатирал лекарска грешка.