Родилките во Етиопија ќе раѓаат со мобилна апликација

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Мобилна апликација доаѓа на помош на идните мајки во Етиопија, каде што 9 од 10 бебиња се раѓаат дома без никаква медицинска помош.4501941

Апликацијата “Safe Delivery App” е создадена од данска организација, која им помага мајките при екстремни случаи, породилни компликации и медицинска нега за новороденчиња со проблеми.

“Акушерките имаат вештини и знаења, но во екстремни случаи тие не знаат што да прават, дури и при едноставни компликации” објасни Месфин Вонафраш, раководител на програмата. Со притискање на едно копче апликацијата може да даде одлучувачки насоки за акушерки кои обично имаат образование, но немаат практика при компликации.

Иницијативата се покажа исклучително важна за руралните региони, каде што повеќето мајки раѓаат со помош на член од семејството или друга жена од селото. Опишан како “итна алатка за учење”, апликацијата е достапно на локалните јазици и на англиски јазик.

Таа може да се инсталира на телефон и да се користи без потреба од интернет врска. 85 проценти од етиопските бебиња се раѓаат дома. Болницата се разгледува како опција само кога ќе појават сериозни компликации, а тогаш често е премногу доцна за спасување на живот. Минатата недела се дадени 78 телефони со инсталирана апликација во регионот Оромо на околу 450 километри. западно од главниот град Адис Абеба.